Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жесус е тешко повреден. Тој најверојатно има кинење на вкрстените лигаменти на коленото, јавува новинарот Дејвид Орнштајн на своите социјални мрежи.
Според изворот, конечната информација за повредата на Жесус ќе биде донесена денеска. Сепак, фудбалерот веќе се подготвува за долго опоравување.
Арсенал почна да бара нов напаѓач поради повредата на 27-годишниот Бразилец. Лондонскиот клуб е отворен за преговори. Пред се, Топџиите бараат засилување надвор од Премиер лигата. Оваа сезона Жесус одигра 27 натпревари за Арсенал, постигна седум голови и три асистенции.

