Бразилскиот голгетер, Габриел Жезус е оптимист и покрај изненадувачкото реми на неговата репрезентација на стартот на СП во Русија.
„Ние направивме се за да победиме. Всушност против нас имавме еден навистина силен противник. Мислам дека ништо нема што да менуваме или подобруваме за следниот натпревар, само треба да играме. Постигнавме гол, но ја загубивме победата. Такви грешки се случуваат. Едноставно, сега е потребно овие моменти да се минимизираат“, вели Жезус.