Напаѓачот Коди Гакпо и неговите соиграчи во англискиот фудбалски клуб Ливерпул не размислуваат за титулата, и покрај првото место во Премиер лигата и огромните шанси да дојдат на 11 бода повеќе од актуелниот шампион Манчестер Сити. Двата тима ќе се сретнат на „Енфилд“ овој викенд.
„Можноста е навистина огромна, но ќе се сретнеме со многу добар тим. Всушност, ова е еден од најдобрите тимови во Европа бидејќи доминираа неколку години“, изјави Гакпо во интервју за клупската веб-страница.
„Но за нас тоа е голема шанса. Сакаме да им покажеме за што работиме и тоа е токму она што планираме да го направиме. Се надевам дека ќе одиграме добар натпревар и ќе излеземе од него со победа. Ние сме во добра позиција, но премногу е рано во сезоната да го гледаме пласманот. Мораме да продолжиме да победуваме за да останеме на врвот, фокусирани сме само на следниот натпревар и оваа недела не е поинаква“ изјави Гакпо.

