Новото холандско засилување на Ливерпул Коди Гакпо откри како неговиот сонародник Вирџил ван Дајк го убедил да се согласи на преселба во англискиот клуб. Ван Дајк настапува за Ливерпул од јануари 2018 година.
„Во последните неколку дена разговаравме многу по телефон. Вирџил ми кажа дека сега преселбата во Ливерпул е вистинскиот чекор во однос на развојот на кариерата. Тој објасни дека клубот е големо семејство и за мене тоа е важно. Ван Дајк ми кажа само добри работи. Мило ми е што знам дека и тој е во Ливерпул може да ми помогне во некои работи. Благодарен сум на тимот за довербата и среќен сум што сум тука“, изјави Гакпо за официјалниот сајт на Ливерпул.