Еден од најпрепознатливите навивачи на Манчестер Сити – Ноел Галагер, го сподели своето мислење дека сезоната во Премиер-лигата досега би била прекината или поништена доколку кандидат број еден за титулата не беше Ливерпул.
„Тие требаше да ја прекинат лигата пред неколку недели. Дајте им ја титулата, тие ја освоија како и да е. Циничарот во мене мисли дека ако Сити или Челзи би се бореле за трофејот, сезоната досега ќе завршеше” – рече Ноел Галагер која ги напиша најголемите хитови на култниот манчестер бенд – „Оазис“.
Тој заедно со неговиот брат Лиам, е обожавател на Сити уште од дете. Неговото име се споменува и во култната песна.