Турскиот гигант Галатасарај побара од УЕФА да му ги додели бодовите од мечот со Локомотив (Москва) од четвртото коло од групната фаза на Лигата на Европа. Средбата која се одигра во четвртокот заврши без победник, 1:1, но Турците сметаат дека се повредени фудбалските правила, откако судијата му додели два жолти картони на рускиот фудбалер Живогљадов, но не го исклучи.
Галатасарај има намера да ја оспори одлуката и инсистира Локомотив да добие службен пораз.

