Белгискиот интернационалец Дрис Мертенс ќе се пресели во Галатасарај, информираат медиумите во Турција. 36-годишниот напаѓач се прости од Наполи и сега е слободен играч.
Двете страни преговараа подолго време и постигнаа договор. Офанзивниот играч ќе потпише за една година со опција за продолжување на уште една сезона.