Претседателот на Галатасарај Бурак Елмас објави дека клубот има намера да се раздели со напаѓачот Радамел Фалкао и играчот од средниот ред Софијан Фегули.
„Се сретнав со Фалкао и Фегули. Ни помогнаа многу, но со оглед на нашата нова финансиска стратегија и нивото на нивните плати, едноставно нема да можеме да ги исплатиме во иднина. Затоа, изразивме желба тие да си најдат нов клуб. Се надевам дека Фалкао и Фегули ќе го направат тоа. Сакаме да се разделиме во добри односи. Ова е одлука на управата. Главниот тренер може да има поинаков поглед на ситуацијата“, изјави Елмас.
35 -годишниот Фалкао игра за Галатасарај од 2019 година. 31 -годишниот Фегули ги бранеше боите на турскиот клуб од 2017 година.