Галатасарај се согласи да го пушти Алваро Мората, иако бараше 6 милиони евра за да ја раскине позајмицата на напаѓачот на Милан.
„Скај Спорт Италија“ објави дека страните конечно успеале да се договорат за трансферот на Шпанецот во Комо, тимот каде тренер е Сеск Фабрегас. Галатасарај ќе добие 3 милиони евра, со бонуси, а Комо ќе му плати на Милан 12 милиони евра.
Во турското првенство, Мората одигра 12 натпревари и постигна 6 гола за шест месеци.

