Турскиот фудбалски состав Галатасарај објави дека обезбедил две квалитетни имиња со кои ќе остане во трката за титулата во домашниот шампионат.
Станува збор дефанзивецот на Њуксал, Де Андре Џедлин и играчот за врска на португалската Бенфика, Жедсон Фердандеш. Американецот го раскина договорот со „враните“ и ќе потпише со „лавовите“ до 2024 година.
22-годишниот Португалец ќе биде ангажиран како позајмен фудбалер. Тој последен пат играше за Тотенхем, но, не се етаблираше во тимот на Жозе Мурињо.