Дефанзивецот на Мексико, Хесус Гаљардо од денеска и официјално е сопственик на најбрзиот жолт картон добиен во историјата на светските првенства.
23-годишниот Гаљардо беше опоменат од судијата со жолт картон во 15-тата секунда од натпреварот со Шведска, откако со рака го удри во тилот напаѓачот на скандинавците Ола Тоивонен во еден воздушен дуел.
Досегашниот најбрз жолт картон беше дело на Русинот Сергеј Горлукович кој на Мундијалот 1994, повторно на натпревар со Шведска, доби официјално предупредување во вид на картон во 54-тата секунда.