Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе се пресели во Реал Мадрид, а договорот ќе биде објавен на 6 или 7 јули 2023 година. Ова го објави новинарот Франсоа Гаљардо на „Твитер“.
„На 6 или 7 јули вие Мадридисти ќе имате голема радост. Килијан Мбапе ќе стане играч на Реал Мадрид и ќе го исполни својот сон. Останува многу малку! Не коментирам за можен трансфер од 2021 година“, напиша новинарот.
24-годишниот Мбапе, според претходните информации, не е вклучен во плановите на Реал Мадрид како засилување во летниот преоден рок. Од Реал Мадрид се подготвени да го ангажираат францускиот напаѓач со слободен трансфер со предвремена понуда во јануари 2024 година, објави „Марка“. Останува да видиме кој ќе биде во право, Гаљардо или „Марка“.