Тренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие сигурно ќе ја напушти функцијата по завршувањето на сезоната, тврди „Л‘Екип“.
56-годишниот тренер е на кормилото на парижаните од минатото лето, но управата на клубот веќе реши да се раздели со него.
Галтие е под договор на уште една година, но нема да го исполни до крај. Под негово водство ПСЖ ја освои титулата во Лига 1, а во Лигата на шампионите беше елиминиран во осминафиналето од Баерн (Минхен).
Катарските сопственици на ПСЖ сега бараат нов тренер. Се споменуваат имињата на Луис Енрике, Чаби Алонсо и Жозе Мурињо. Последниот натпревар на Галтие ќе биде денеска против Клермонт.

