Францускиот весник „Ле Паризиен“ пишува дека неуспешната серија која ПСЖ ја има оваа 2023 година сериозно ја ослабна позицијата на тренерот Галтие. Четвртиот пораз во низа ќе биде голем проблем за катарските сопственици да му дадат доверба и голема е веројатноста тој наскоро да биде сменет. Раководството на ПСЖ е сериозно незадоволно не само резултатите, туку и од играта на тимот. Првото полувреме од мечот со Баерн беше оценето како „очајно“.
Дел од раководтвото на тимот дури почна и да му посочува на Галтие дел од играчите кои треба да играаѕ, како Витиња. Тоа сигурно нема да му се допадне на Галтие, па наскоро може да се очекува состанок на кој ќе се разговара за неговата позиција во тимот.
Емирот на Катар сака Зинедин Зидан да стане тренер на ПСЖ и тоа е негова одамнешна желба, но останува да се види дали Зи-Зу е подготвен за таков потег.