Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, коментираше за можна преселба во тимот на дефанзивецот на Интер, Милан Шкрињар. Претходно, агентот на словачкиот фудбалер потврди дека Милан нема да го продолжи договорот кој истекува на крајот од сезоната.
„Не можам да ви кажам дали Милан Шкрињар ќе ни се приклучи во јануари или во текот на следното лето, но тој е играч што го следиме долго време. Мислам дека беше блиску до преселба во ПСЖ минатото лето“, изјави Галтие за „beIN Sports“.
Милан Шкрињар (27) е во Интер од јули 2017 година. Оваа сезона дефанзивецот учествуваше на 27 натпревари, на кои имаше една асистенција.