ПСЖ денеска го победи Кавасаки Фронтале со 2 спрема 1 во пријателски меч а новиот тренер на Французите, Кристоф Галтие, објасни дека неговите фудбалери мора да се адаптираат на новата шема 3-4-1-2.
„Ми се допадна што нашиот тим притиска високо. Тоа ни дозволи да бидеме опасни и да создаваме многу шанси“ – вели Галтие.
„Играме во нов систем – 3-4-1-2 и мора да се навикнеме. Сè уште не сме синхронизирани. Треба да внимаваме на противниците кога првават транзиција“ – вели тренерот на ПСЖ.

