Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Галтие: „Мбапе нема да биде во тимот само за да ја пополни бројката“
    Фудбал

    Галтие: „Мбапе нема да биде во тимот само за да ја пополни бројката“

    risteBy riste13/02/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Тренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие, зборуваше пред утрешното соочување на неговиот тим во Лигата на шампионите против Баерн Минхен.

    Тој изјави дека не се чувствува под притисок по двата последователни порази на неговиот тим од Марсеј и Монако.Тренерот исто така беше дециден дека не е изненаден од враќањето на Килијан Мбапе, кој изненадувачки тренираше со тимот и се најде во групата на играчи за натпреварот, но сигурно нема да ризикува со неговото враќање на теренот.

    „Воопшто не размислувам за мојата иднина. Секогаш има притисок кога го тренираш ПСЖ, уште повеќе пред натпревар во Лигата на шампионите, но јас не размислувам за иднината, само сум решен и дејствувам. Изненаден сум од враќањето на Килијан, да, но исто така сум свесен за неговата способност побрзо да се оддалечи од неговите проблеми. Тој направи се што е во негова моќ да биде во составот на тимот за овој натпревар. Тој тренира со тимот, ќе видиме како ќе се чувствува утре наутро. Ќе ја донесеме најмудрата одлука. Првиот човек што ќе го слушам ќе биде Килијан, тој нема да биде на клупата само за да ја пополни бројката“, изјави Галтие.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина

    20/03/2023

    Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда

    20/03/2023

    Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 

    20/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина
    • Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда
    • Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 
    • Верстапен не е задоволен од второто место
    • ВБА им постави ултиматум на Фјури и на Усик
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.