Тренерот на фудбалерите на ПСЖ, Галтие, демантира дека Килијан Мбапе, побарал да си замине од екипата уште во зимскиот трансфер период.
„ Не знам за такво нешто, не знам за веста која ја објавија медиумите пред значајниот меч во ЛШ. Мбапе беше многу интензивен на дуелот со Бенфика“ – вели Галтие.
Вчера голем дел од медиумите објавија дека големата ѕвезда на „светците“ побарала да си замине во наредниот трансфер период.