Дефанзивецот Есекиел Гарај се збогува со навивачите на Валенсија. Договорот на Аргентинецот со шпанскиот клуб истекува денес и нема да биде обновен.
„Јас ќе бидам засекогаш благодарен на вас. Благодарам, вие сте вистинско семејство. Никогаш нема да заборавам што доживеав во овој клуб”, напиша Гарај на Инстаграм.
33-годишниот Есекиел Гарај оваа сезона има одиграно 23 натпревари за Валенсија. Тој играше за шпанскиот тим уште од летото 2016 година.