Актуелниот тренер на Атлетик Билбао, Гаиска Гаритано ќе продолжи да го води тимот и во новата сезона, објавија денес од „Сан Мамеш“.
Овој тренер го обнови својот договор за уште една година. Гаритано го презеде тимот на Атлетик Билбао во декември 2018 година, а дојде на местото на Едуардо Берицо.
До овој момент Гаритано ги водеше „црвено – белите“ на 61 натпревар, во кои оствари 27 победи, 18 нерешени и 16 порази. Неговиот најголем успех досега е пласманот во финалето на Купот на кралот.