Алехандро Гарначо ќе го комплетира трансферот во Челзи денеска. Претходно беше објавено дека „сините“ се договориле со Манчестер Јунајтед и трансферот е пред реализација.
Лондончани ќе платат 40 милиони фунти за крилниот напаѓач. Манчестер Јунајтед, исто така, добива и 10% од следната продажба на Аргентинецот.
Според информациите, Гарначо ќе пристигне во Лондон денеска за да ги помине медицинските прегледи и да потпише договор. Договорот со 21-годишниот фудбалер ќе биде на 7 години.

