Тренерот на Олимпик Лион, Руди Гарсија, по вчерашната елиминација на Манчестер Сити и пласманот во 1 /2 финалето во Лигата на фудбалските шампиони, вели дека неговиот тим покажал карактер и дека Дембеле одиграл одличен меч.
„Муса беше разочаран, но, како што кажав и пред натпреварот, знаев дека тој ќе биде главен штом ќе се врати. Презадоволен сум што даде два гола бидејќи сѐ уште немаше погодок во Лигата на шампионите“ – изјави Гарсија кој неполна година ги води „лавовите“.
Францускиот состав на 19 август (среда) ќе ги одмери силите со Баерн Минхен во второто полу-финале во елитата. Ден претходно ќе играат Лајпциг и ПСЖ. Сите мечеви ќе бидат одиграни во Португалија.