Барса вчера одигра без голови на домашен терен со Галатасарај во првиот меч од 1 /8 финалето во Лига Европа. Домашниот фудбалер, Ерик Гарсија, вели дека турскиот тим покажал голема борбеност.
„Сакавме да победиме, знаевме дека Галатасарај е многу компетитивен тим. Во првиот дел немавме добар посед а во вториот го немавме завршниот удар“ – вели Гарсија.
„Ќе одиме во Истанбул да победиме и да поминеме во наредната рунда“ – потенцираше фудбалерот на Каталонците.