Тренерот на Наполи, Руди Гарсија зборуваше за натпреварот со Унион Берлин во 3. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
„Знаеме дека Унион Берлин не е во најдобра форма во последниот период, но тие имаа одлична сезона минатата година и го заслужија своето место во Лигата на шампионите. Тие минуваат низ тешки времиња во моментов, но знаеме колку добар тим се тие. Имаат одлични играчи, вклучувајќи и меѓународни имиња. Подготвени сме за овој натпревар. Треба да ги надополниме бодовите што ги загубивме на мечот со Реал Мадрид, а ова ќе се обидеме да го направиме вечерва“, изјави Гарсија за официјалниот сајт на Наполи.
По две кола Наполи е на второто место со три бода во групата Ц со Реал Мадрид (6), Брага (3) и Унион (0) бодови.

