Тренерот на Наполи, Руди Гарсија ги сподели своите впечатоци од натпреварот од групната фаза на Лигата на шампионите, во кој неговата екипа загуби од Реал Мадрид со резултат 2:3.
„Мислам дека нерешениот резултат е поправеден резултат на овој натпревар, но таков е фудбалот. Игравме на исто ниво со многу силен тим и не беше проблем да примиме гол како што примивме бидејќи грешките се дел од играта. Откако резултатот на натпреварот стана 1:1, премногу се отворивме, иако во тој момент моравме да се собереме и да не притискаме толку високо. Од друга страна, ми се допадна реакцијата на тимот во второто полувреме – можевме и ние да победиме. Пред корнерот од кој го постигнаа победничкиот гол, имаше прекршок од играч на Реал Мадрид. Анчелоти ќе зборува за пеналот, а ние ќе зборуваме за оваа ситуација“, изјави Гарсија по натпреварот.

