Нашиот млад фудбалер, Матеј Гаштаров, во текот на викендот имаше можност да се израдува на значајна победа во дресот на српскиот гигант, Црвена звезда во рамките на младинската лига на Србија.Тој беше еден од подобрите на вечното градско дерби одиграно против Партизан во Белград.
Големата надеж на мак-фудбалот кој дејствува во средината на теренот, моментално е дел од тренинг-кампот на селекцијата У19 која во Кичево под диригентската палка на селекторот, Вујадин Станојковиќ, се подготвува за октомвриските квалификации.
Неспорно е дека Гаштаров со неговиот досегашен ангажман и искуството што го билда во „црвено-белиот“ дрес, треба да биде меѓу стандардните репрезентативци гледано во перспектива до сениoрската селекција на Македонија.

