Техничкиот директор на Арсенал, Еду Гаспар стана првиот спортски директор на лондончани во историјата, објави фудбалскиот клуб од Англија.
-Среќни сме што можеме да објавиме дека Еду Гаспар е назначен за прв спортски директор на Арсенал“ – стои во соопштението на „топчиите“.
Еду треба да направи спој меѓу работата во академијата и во сениорскиот тим.

