Тренерот на фудбалерите на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, зборуваше по убедливата победа на теренот на Емполи во меч од 26. коло на италијанската Серија А.
„Посветеноста на нашите играчи е видлива на секој меч. Лесно е да се зборува за едноставни натпревари. В недела имаме меч против Венеција. Потоа ќе имаме дуел со Јувентус“ – рече задоволно Гасперини.
Составот од Бергамо со 54 бодови го има третото место на табелата. Пред него се Интер со 57 бодови и Наполи со 56.

