Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, на својата прес-конференција пред дуелот со Интер, ја изрази својата почит кон противникот и ја истакна важноста на вечерашното полуфинале на италијанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија.
„Ова е важен натпревар по нашата одлична серија во лигата. Ќе биде и поинаков натпревар, кој е елиминациски, но ќе се игра за 90 минути, па мораме да гледаме од друга перспектива. Во последните три години Интер е најсилниот тим. Нашите последни два натпревари со нив беа најтешки, но другите беа порамноправни. Мораме да внимаваме да не направиме грешка на почетокот и да останеме подолго во игра. Кога Интер ќе поведе, станува тешко да се стигне“, рече Гасперини.
„Во 2024 година одигравме три финалиња: за Купот на Италија, за Лига Европа и за Суперкупот на Италија. Ова е наше четврто финале (всушност полуфинале) во последните неколку месеци. Одигрувањето на вакви натпревари му дава престиж на клубот, вредност на играчите и задоволство на сите нас. Овие натпревари се гледаат ширум светот, а во нив сакате да оставите добар впечаток, да бидете конкурентни и да го покажете најдоброто од себе. За нас е важно да бидеме тука и уште поважно е да победиме“, заклучи Гасперини.

