Тренерот на фудбалерите на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, вели дека во неговиот тим има големи емоции пред денешниот меч со ПСЖ во 1 / 4 финалето во Лигата на шампионите кој ќе биде одигран во Лисабон на стадионот на Бенфика.
„Штета е што ќе нема навивачи. Ние сме максимално мотивирани, има голем адреналин во екипата а мотивацијата е на високо ниво. Жал ни е што ние сме единствениот италијански тим кој остана во Лигата на шампионите“ – вели Гасперини.
Сега сме единствените кои останавме и ќе се обидеме да се претставиме добро. Знаеме дека цела Италија ќе ни дава поддршка и тоа е многу значајно за нас“ – вели тренерот на тимот од Бергамо.