Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, има намера да се држи до својот пристап во Европа и да не се потпира премногу на слабостите што ги покажа Селтик во поразот од Борусија Дортмунд во последното коло од фудбалската Лига на шампиони.
Селтик загуби со 1:7 во Германија, а вечерва гостува кај Аталанта на Гасперини во Италија.
Гасперини е свесен дека тешките порази не се невообичаени на турнир и не отпишува противник на чиј пристап му се восхитува.
„Мора да бидеме внимателни кога зборуваме за Лигата на шампионите бидејќи има неколку врвни тимови. Против врвните тимови, ако вашиот пристап е погрешен, можете да примите многу голови. Како резултат, видовме сличен исход на натпреварите“, додаде Џан Пјеро Гасперини.
„Ќе ги земеме предвид последните два натпревари, но и сите останати во лигата. Аталанта никогаш не би го потценила противникот. Особено во нападот, Селтик е многу опасен тим, многу брз тим. Тие се навикнати да победуваат. Мора да бидеме многу внимателни ако сакаме да победиме. За да го направиме тоа ќе треба да прикажеме многу добар настап“, додаде тренерот на Аталанта.

