Италијанските медиуми наведуваат дека Џан Пјеро Гасперини би можел да го продолжи договорот со Аталанта.
Фабрицио Романо објави дека клубот од Бергамо му понудил на главниот тренер нов договор до крајот на сезоната 2026/27 . Иако имаше најави дека Гасперини ќе го напушти клубот од Серија „А“, сега веројатно работите ќе се променат.
Екипата од Бергамо на едно коло пред крајот на сезоната си обезбеди место во топ 3 во Калчо-лигата. Тоа значи дека од септември ќе настапува во Лигата на шампионите.

