Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини проговори за лидерството на Аталанта во Серија А.
„Беше тешко да се предвиди бидејќи имавме некои потешкотии во август, претрпевме неколку порази. Значи, да се направи ваква победничката серија од 11 натпревари и да се биде лидер на табелата во Серија А не беше лесно.
Сега не можеме да имаме долгорочни цели – ова е, можеби, убавината на фудбалот. Ова ни овозможува да одиме по истиот пат како минатата сезона, кога никој не замислуваше што ќе постигнеме на крајот, да дојдеме до титула во Лига Европа. И сега не знаеме до каде ќе можеме да одиме, само се обидуваме да продолжиме со нашето искачување што е можно подолго“, рече тренерот на Аталанта.

