Тренерот на екипата на Рома, Џан Пјеро Гасперини по поразот од Наполи на домашен терен во дербито синоќа, вели дека разочарувачки е што неговите момци не покажаа енергија за да дојдат до подобар резултат.
„Наполи, како и ние, исто така имаше многу малку шанси. Разочарувачки е што ни недостасуваше енергија, бидејќи плативме висока цена за победата во натпреварот од Лигата на Европа во четвртокот со Митјиланд. Ни недостасуваше брзина, не ја движевме топката доволно брзо. Кога играте против организиран противник како Наполи, тоа сигурно ќе боли. За жал, денес не можевме да играме како што сакавме во еден толку важен натпревар“, рече Гасперини.

