Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Гасперини: Никој не може да биде фаворит на меч против Реал Мадрид
    Фудбал

    Гасперини: Никој не може да биде фаворит на меч против Реал Мадрид

    risteBy riste10/12/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, покажа голема почит кон Реал Мадрид пред дуелот на двете екипи во Лигата на шампионите. Со оглед на некои несигурни настапи на шпанскиот гигант оваа сезона, има многу експерти кои ја прогласија Аталанта како фаворит во пресметката, но Гасперини не се согласува со тоа.

    „Мислам дека нема тим кој може да се нарече фаворит против Реал Мадрид. Не очекува возбудлив натпревар на нашиот стадион и тоа е нешто неверојатно за луѓето од Бергамо. Знаеме каков противник имаме против себе. Местото на Реал на табелата е привремено. Уживаме во пофалбите, но да тврдиме дека сме супериорни во однос на Реал Мадрид е малку премногу. Сигурно ќе дадеме се од себе, но мора да бидеме внимателни и да не ѝ се предадеме на еуфоријата“, изјави Гасперини.

    Аталанта на лето се соочи со денешниот противник во натпреварот за Суперкупот на Европа и загуби со 0:2. Сепак, тренерот на тимот од Бергамо е убеден дека претстојниот натпревар ќе биде поинаков.

    „Натпреварот за Суперкупот на Европа е врв во досегашната историја на Аталанта. Тогаш не бевме во оптимална форма поради многуте влезни и излезни трансфери, но одигравме солидно еден час. Сега сме на повисоко ниво благодарение на новите играчи кои ги доведовме. Мислам дека не чека поинаков натпревар од оној во август“, истакна Гасперини.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.