Фудбалскиот состав Рома официјално го објави назначувањето на Џан Пјеро Гасперини за тренер на клубот.
Искусниот специјалист ќе има договор до летото во 2028 година и ќе го наследи Клаудио Раниери кој ќе добие нова улога во раководната гарнитура на „римската волчица“. Со тоа се потврдија најавите дека екс-тренерот на Аталанта сега ќе работи во Рим.
– Добредојде, тренеру! Форца Рома“, напиша меѓу другото клубот во соопштението.

