Тренерот на Аталанта, Џан Пиеро Гасперини беше прилично разочаран по поразот од Реал Мадрид со 0:1. Тој беше многу незадоволен од судијата, кој реши да го исклучи Ремо Фројлер со директен црвен картон во 17. минута. Според тренерот, судијата го уништил натпреварот.
„Огорчен сум затоа што не можеме да го одиграме натпреварот што толку многу го очекувавме. Ако не го гледаме резултатот, останува задоволството што добивме шанса да се соочиме со тим како Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Јас не знам каков ќе беше резултатот ако не беше црвениот картон, но мислам дека со таа одлука судијата го уништи натпреварот. Мислам дека тоа беше престрого за него”, рече Гасперини.
„За да се пласираме, ќе мора да победиме во Мадрид. Ова е нешто добро, затоа што на тој начин ќе знаеме која е целта и нема да има што да не одвлекува од тоа. Бевме многу близу до постигнување добар резултат, но ни нидостастуваа неколку минути. Сепак, останува жалењето што не можевме да играме комплетни“, додаде тренерот на Аталанта.