Фудбалерите на Аталанта вчера во Бергамо го победија тимот на Сасуоло со 2:1 во рамките на 5-то коло во Серија „А“. Домашниот тренер, Жан Пјер Гаспарини, вели дека не е многу задоволен од прикажаното.
„Добар натпревар, Сасуоло има брз и технички тим со одлични млади напаѓачи. Во второто полувреме играта не ни одеше“ – вели Гасперини.
„Нашите проблеми се познати – недостаток на острина и едноставни грешки во додавањата. Немаме прецизност во завршницата“ – потенцира тренерот на Аталанта.