Поранешниот голман на селекцијата на Аргентина, Уго Гати, не верува дека „гаучосите“ ќе успеат да ја одбранат титулата на фудбалскиот Мундијало во 2026 година.
„ Би сакал да грешам, но мислам дека тимот нема да се претстави добро на Светското првенство во 2026 година. Ќе остане без дел од играчите – Ромеро и Отаменди“ – вели Гати.
„Репрезентацијата на Аргентина имаше среќа на Светското првенство во 2022 година. Таа победи затоа што турнирот беше на нефудбалско место а сите имаа желба Меси да стане светски шампион“ – изјави поранешниот голман на Аргентина.

