Тренерот на Милан, Џенаро Гатусо, ги сподели своите очекувања пред мечот од 31-то коло на италијанскиот шампионат против Јувентус.
„Во Јувентус знаат како да реагираат на притисок и како да го задржат темпото. Тие се навистина силни, но имаме се што ни треба за да покажеме одлична игра. Добри перформанси во однос на тактиката, карактерот и желбата може да ни дозволат да освоиме три поени. Ние можеме да го направиме тоа. Верувам дека позитивниот резултат од оваа средба може да биде вистинска пресвртна точка за тимот во овој период од сезоната. Потребен ни е импулс да се вратиме во живот”, рече Гатузо.
Јувентус е лидер во Серија А со предност од 18 поени во однос на Наполи, додека Милан е на 4 место со 52 поени, еден повеќе од Аталанта.