Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, по елиминацијата од Гранада во Лига Европа, ги обвини шпанските фудбалери дека премногу лежеле на теренот со што ја задржувале играта на вчерашниот реванш кој беше одигран во Италија.
„Доколку италијански клуб се обидеше да го направи тоа што вечерва го правеше Гранада и начинот на кој трошеше време, ќе бевме на насловните страници на сите весници“ – вели Гатузо.
„Во првото полувреме, имаше активна игра само 16-17 минути а во второто полувреме беше уште полошо.Судијата не смееше да го дозволи тоа“ – потенцираше Гатузо.

