Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, изјави дека неговиот состав сака да го освои Купот на Италија. Тој воедно посочи дека неговите фудбалерите на моменти играат премногу лежерно и примаат лесни голови. Синоќа гигантот од Милано забележа победа против тимот на Верона 4:1.
„Сите во Милан го сакаме Купот на Италија иако ќе треба да се соочиме против многу силен тим како што е Јувентус. Тие поседуваат нешто повеќе од нас иако влегуваме во дуелот во многу добра форма. Денеска видовме тим што игра со поголема слобода“ изјави Гатузо.
„Милан страда против малите тимови. Загубивме премногу бодови и тоа е проблем со психата на играчите. Ќе мора да се промени начинот на размислување“ заврши тренерот на „росоенрите“