Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, размислува за различни начини да го врати својот тим на победничкиот пат.
Гигантот од Милано се уште е во борба за пласман во Топ 4, и за тоа да се случи, денес „Росонерите” мора да го добијат натпреварот на гостувањето кај Торино.
Слабата форма на тимот ќе ја плати полскиот голгетер Кшиштоф Пјонтек, јавува „Газета Дело Спорт“. Гатузо размислува да го остави најдобриот стрелец на клупата на сметка на Патрик Кутроне.
Младиот фудбалер ќе има задача да му даде вистински импулс на Милан, кој не смее да направи нов кикс.