Тренерот на фудбалерите на Наполи, Џенаро Гатузо, се осврна на честите шпекулации во медиумите дека набрзо ќе заработи отказ.
Наполитанците кои се елиминирани од Купот на Италија се наоѓаат на 6 место на табелата во Серија „А“ и речиси се без шанси во трката за Скудетото. Според медиумите, токму саботното дерби со Јувентус може да се покаже како пресудно за иднината на така наречениот пит-бул. На новинарско прашање дали од дуелот со Јуве зависи неговата судбина, Гатузо беше категоричен.
„Не знам, мора да го прашате клубот. Јас сум капетан на бродот. Кога работите не одат добро, капетанот ја презема одговорноста“ – изјави Гатузо.

