Тренерот на Милан, Џенеро Гатузо ќе мора да прави големи промени во составот, а со тоа и во системот на игра за средбата со Лацио, пишува „Газета Дело Спорт“.
Повредата на Алесио Ромањоли е сериозна и тој нема да биде во можност да се појави во составот на својата екипа за средбата со Лацио која се игра во недела на 25-ти ноември. Гатузо има има ограничен број на играчи во средината на теренот, но најсериозните се дефанзивните проблеми каде што Кристијан Запата е единствениот централен дефанзивец кој му е на располагање.
Затоа Гатузо ќе мора да игра во формација 3-5-2, со тоа што најверојатно ќе игра со Абате, Запата и Родригез во одбраната. Во средината Франк Кеси ќе соработува со Бакајоко и Хакан Чалханоглу, а по крилните позиции ќе бидат Диего Лаксалт и Сусо. Во нападот ќе мора да се потпре на Кастиљехо и Кутроне бидејќи Гонзало Игуаин е казнет.