Тренерот на фудбалерите на Наполи, Џенаро Гатузо пред реваншот со Барселона во Лигата на шампионите, вели дека не се плаши од Лео Меси, туку од зголемениот број на заразени со Ковид-19 во Каталонија.
Ревашот во Шпанија ќе биде одигран на 8 август на „Камп Ноу“ без гледачи а победникот ќе обезбеди место на завршниот фајнл-ејт во Лисабон (Португалија). Првата средба во Италија заврши 1:1.
„Нормално дека сме загрижени поради короната, но, нема да зборувам за тоа. Тоа не е моја работа. Тоа треба да го решат нашата управа и претседателот“ – вели тренерот на Наполи.