Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, доживеа уште едно разочарување откако е на чело на „Росонерите“ на натпреварот со Емпори кој заврши со 1:1.
Милан одигра само нерешено иако имаше многу создадени шанси имаше предност, но дозволи израмнување и на крајот постигна трет нерешен резултат. По одигрувањето на првите шест кола од шампионатот, тимот на Гатузо е само 14-ти, со 6 поени.
„Ние направивме ситуации во двата дела од натпреварот, а потоа направивме грешка, многу голема грешка. Требаше да го завршиме натпреварот уште во првото полувреме со уште некој гол, добро стоевме на теренот, дури и без важен играч како Гонзало Игуаин. Се надевам дека тој ќе биде подготвен за натпреварот со Сасуоло во недела. Не можеме да бидеме задоволни , но мора да одиме напред и да работиме на завршување на нападот. Ако постојано правите грешки, тогаш ја губите самодовербата, не можеме да го негираме. Мораме да растеме, да работиме на нашите грешки. Резултатите ќе дојдат, убеден сум”, коментираше Гатузо.