Тренерот на Милан Џенаро Гатузо беше разочаран по поразот од Јувентус со 0:4 во финалето на Купот на Италија.
Поранешниот фудбалер на „росонерите”, сепак, смета дека резултатот не го покажува реално односот на силите на теренот, но признава дека неговиот тим направил многу грешки кои биле казнети од Јувентус.
„Ова е суштината на фудбалот. Резултатот не е реален, но ги плативме нашите грешки. 56 минути направивме сé што е во добро, а Јувентус не можеше да нѐ натера да се чувствуваме слаби. Ние мора да го прифатиме овој пораз, да ја анализираме нашата игра. Причината за овој резултат се нашите грешки и тоа мора да се поправи за да не се повтори“ изјави Гатузо по финалето на „Олимпико“.