Тренерот на фудбалерите на Наполи, Џенаро Гатузо, изјави дека континуираните грешки во средината на теренот влијаеле на вчерашниот пораз на теренот на Џенова.
Токму во една таква ситуација „наполитанците“, примија гол и на крајот останаа со празни раце. Тој момент посебно го изнервира така наречениот пит-бул кој не крие дека е крајно бесен на неговите фудбалери.
„Не е првпат да ни се случува истата работа, да креираме шанси, да промашуваме и да примаме наивни голови. Немам што да кажам, се повторуваат истите глупави грешки“ – потенцираше тренерот на Наполи.