Тренерот на Хајдук, Џенаро Гатузо, очекува тежок меч на теренот на Динамо Загреб во рамките на шестото коло во хрватскиот фудбалски шампионат.
„Играме против клуб кој е навикнат на вакви натпревари. Тие постојано ги играат а ние мора да бидеме голем Хајдук. Одиме во Загреб за да извлечеме добар резултат“ – вели Италијанецот.
„Некои играчи беа со репрезентациите, не тренираа со нас, но сите што беа тука работеа максимално. Одиме во Загреб да одиграме најдобро што можеме“- потенцираше тренерот на Хајдук пред денешниот меч од 20.00 часот.

